„Нападот“ за освојување на Ајфон 11 е жесток, новото коло на Спортска прогноза ветува дека ќе има Среќна 13-ка

Изминатава недела за „влакно“ беше испуштена шансата да се додели мобилен телефон Ајфон 11 на Спортска прогноза. Двајца прогнозери успеаа да погодат по 12 мечеви и со само едно промашување беа на чекор од Среќна 13-ка која е услов за добивање на атрактивниот Ајфон 11.

ЗА 12 погодоци, двајцата од минатото коло си добија по 1.000 денари вредносен ваучер од Sport Life. Имаше и шестмина со по 11 погодоци кои добија 500 денари, со што само се потврди дека вреди да се игра бесплатната игра Спортска прогноза.

Од денеска започнува новото 27-мо коло, а на „менито“ има нови 13 интересни дуели. Од поатрактивните мечеви кои се на програмата за викендот кој следи, интересно ќе биде да се види како ќе заврши лондонското дерби меѓу Арсенал и Тотенхем, како и дуелот од Серија А меѓу Милан и Наполи.

Не чекајте, прогнозирајте во новото коло и бидете во трка за освојување на Ајфон 11 или вредносните ваучери на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести