Адеми се повреди, и во Македонија се чекаат резултатите од прегледите

Капитенот на Динамо Загреб и македонски репрезентативец, Аријан Адеми, во 90-тата минута на гостувањето кај Тотенхем од Лига Европа, го напушти теренот поради повреда. Денеска по враќањето на екипата на Динамо во Загреб, Адеми ќе биде прегледан, по што ќе се знае точно за каква повреда станува збор.

Адеми е храбар фудбалер кој знаел да игра и со повреда, но ниту за Динамо ниту за македонската селекција не би било добро ако е нешто сериозно, што би можело да го загрози неговиот настап на Европското првенство во јуни.

- Оглас -

Најнови вести