Драмата дома поважна од драмата на теренот: Познато зошто директорот на ПСЖ нареди да излезе Ди Марија од игра

Насилен обид за грабеж во домот на Анхел ди Марија додека неговите најблиски биле таму, е причината што директорот Леонардо вчера му нареди на тренерот Покетино да го извади фудбалерот од игра за што побрзо да се врати дома, иако ПСЖ го загуби мечот од Нант на домашен терен.

Целата ситуација била стресна и прилично сериозна, пренесуваат француските медиуми, наводно поминало без последици, но информациите околу киднапирање на негов близок член на семејството уште не се потврдени. Цел на грабеж бил и домот на капитенот Маркињос исто така за време на мечот меѓу ПСЖ и Нант, во кој биле неговите родители.

Ова е дефинитивно проблем за фудбалерите на актуелниот француски првак, кои веќе извесно време се жртви на грабежи. Повеќе случаи беа пријавени во последните 18 месеци, пред сè на ексчленовите Тијаго Силва, Дани Алвес, Чупо-Мотинг и уште многу други.

 

- Оглас -

Најнови вести