Фудбалскиот клуб Партизан денеска остана без еден свој голем навивач, во Белград почина тапанарот и уметник Драгољуб Ѓуричиќ, кој своевремено десетина години беше член на легендарната македонска група „Леб и Сол“. Ѓуричиќ кој беше роден во Цетиње во Црна Гора, почина на 69-годишна возраст, како последица од коронавирусот.
„Твојата љубов кон Партизан беше силна како секој удар на тапанот. Колку што тој беше твој живот, толку ти беа и црно-белите бои. Почивај во мир пријателе, и поздрави ја екипата“ – објавија од Партизан на социјалните мрежи.