Волците деветти пат по ред немоќни против Ливерпул, Милнер изедначи премерлигашки рекорд

Ливерпул деветти пат по ред го победува Вулверхемптон во нивните меѓусебни дуели во Премиерлигата. Вечерва Црвените како гости славеа со 1-0, со гол на Диого Жота, Португалецот кој во септември токму од Вулфс прејде во Ливерпул. Вулфс не загубиле деветпати по ред од ист противник уште од 1902 до 1933 година против Манчестер сити.

Со влегувањето во игра од клупата, Џејмс Милнер се изедначи со Питер Крауч на првото место на вечната листа на најкористени резерви во Премиерлигата. Милнер по 158-ми пат влезе како резерва.

Лоша вест за Волците е што во финишот потешко им се повреди голманот Руи Патрисио.

- Оглас -

Најнови вести