Дончиќ со Далас ќе им се реваншира на Клиперси

8379 Далас маверикс – ЛА клиперс (02:30ч)

Пред само една ноќ Клиперс славеше во домот на Далас со сигурни 10 поени разлика, а сега на исто место Дончиќ и дружината се ќе обидат да се реваншираат.

Двете екипи не се во добра форма, Далас има два порази во последните пет меча, Клиперс еден пораз повеќе, кои пак ноќеска нема да сметаат на Ибака и Беверли. Тој хендикеп може да биде во полза на Далас, но секако ќе биде потребна уште една брилијантна партија на Дончиќ, кој во поразот пред една ноќ запиша трипл-дабл учинок со 25 поени, 16 асистенции и 10 скока.

Предлог тип: 1 (2.25)

 

8376 Кливленд кавалирс – Бостон селтикс (01ч)

Кливленд падна во нова кризна серија со четири последователни порази, а без Драмонд и Лав тешко дека ќе ја прекинат токму против разиграниот тим на Бостон. Без главните играчи, Кавалирс загубија на ефикасност, па затоа тешко ја надминуваат границата од 100 поени.

Селтикси играат цврста одбрана, што никако не е во полза на домаќините кои и така и вака се мачат на напаѓачки план, па нема да биде изненадување доколку вкупниот збир на поени на мечот биде голем минус. Нека не залажува последниот меѓусебен дуел на овие две екипи, кој Бостон го доби убедливо со 141:103.

Предлог тип: <217,5 поени (1.96)

 

8378 Мемфис гризлис – Мајами хит (02ч)

Додека Мемфис засега нема план како да излезе од кризата, тимот од Флорида гази сè пред себе и претрпе само еден пораз во последните 12 натпревари. Сега откако се врати Адебајо, Мајами е уште поопасен, па зата лесно може да го освои теренот на Гризлите.

Воедно, Мајами ги загуби претходните две средби против Мемфис, па јасно е дека тренерот Сполстра ќе цели на тоа да ја прекине неуспешната мини-серија против оваа екипа.

Предлог тип: 2 (1.85)

 

8387 Кајри Ирвинг (Индијана пејсерс – Бруклин нетс, 00ч)

Во својата богата кариера, Ирвинг дури 27 пати досега играл против Индијана, средби во кои бележел по 21,7 поени просечно. Статистиката потврдува дека Пејсерси му одговараат на популарниот вујко Дру, па затоа треба да продолжи да игра на високо ниво и да ја обезбеди шестата победа во низа за Бруклин.

Секако, Ирвинг ќе има помош од Харден, но штом Дурант е отсутен, нормално е дека шампионот од 2017 година ќе ја преземе одговорноста.

Предлог тип: Ирвинг >27,5 поени (1.85)

 

8424 Никола Јокиќ (Денвер нагетс – Шарлот хорнетс, 02ч)

На Стрлешните не им се пишува добро, бидејќи тие се едни од омилените противници на Јокиќ. Џокерот бележи 27,3 поени просечно против оваа екипа, а со оглед на тоа дека е во животна форма, може да се очекува доминантно издание на спрскиот центар.

Иако Шарлот е во добра серија од четири победи во низа, Денвер е голем фаворит против оваа млада екипа и ќе треба да го одржи позитивниот биланс со четврти последователен триумф во меѓусебните дуели.

Предлог тип: Јокиќ >26,5 поени (1.87)

- Оглас -

Најнови вести