Англија – Шпанија 11:0

Навивачите постојано имаат дилеми за тоа која лига е најсилна во Европа и во свет. Често најголемите полемики се за тоа дали најсилна лига во светот е шпанската Примера дивисион или англиската Премиер лига. Ако се гледаат резултатите од оваа сезона и тоа во меѓусебните дуели во европските купови, премиерлигашите доминираат.

Сезонава во Лигата на шампиони и Лигата на Европа се одиграа шест директни средби меѓу англиски и шпански екипи, а билансот е четири победи на премиерлигашите и две нерешени средби. Челзи синоќа со 2:0 го победи Атлетико Мадрид, а на тој триумф треба да се додаде и успехот во Мадрид кога гостите од Лондон победија со 1:0.

Челзи во ЛШ играше два меча и со Севилја, кога во Шпанија победи убедливо со 4:0, а на „Стемфорд Бриџ“ заврши без голови.

Во Лигата на Европа, Манчестер јунајтед во првата фаза од елиминациите без мака го елиминираше Реал Сосиедад. Црвените ѓаволи на гости победија со 4:0, а во реваншот на „Олд Трафорд“ беше 0:0. Ако се пресметаат сите шест англиско-шпански дуели во ЛШ и ЛЕ, билансот е четири победи за Англичаните и две нерешени, со неверојатна гол разлика од 11 дадени и ниту еден примен гол. Шпанците едноставно се немоќни сезонава во дуелите со премиерлигашите.

 

- Оглас -

Најнови вести