Ова се случува прв пат – со победата над ПСЖ, Борусија сама на себе си обезбеди место во ЛШ за следната сезона

Борусија Дортмунд со 1:0 го победи ПСЖ и останува во трка за место во финалето од Лигата на шампиони. Со овој триумф, Борусија уште еднаш го потврди квалитетот кој го има во германското првенство.

Ако се знае дека и Баерн Минхен е во полуфинале од ЛШ, уште постои опција да има германско финале. Освен Баерн и Борусија, во трка за трофеј е и Баер Леверкузен кој е во полуфиналето од Лигата на Европа.

Токму со успесите на сите овие екипи, германската Бундеслига го потврди квалитетот, а со последната победа на Борусија против ПСЖ и официјално Германија го обезбеди второто место на клупската ранглиста, кое носи уште едно екстра место во Лигата на шампиони за следната сезона. Тоа значи дека Италија и Германија ќе ја имаат честа да имаат по пет екипи во елитното натпреварување за следната сезона.

Интересно е дека Борусија Дортмунд е на петото место на табелата во Бундеслигата со дури 12 бодови повеќе пред шестопласираниот Ајнтрахт, што значи дека Милионерите со победата над ПСЖ, едноставно самите на себе си го осигураа местото во ЛШ за следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести