Капитенот Адеми го објасни чудото на Динамо: Гиневме, не фатија и грчеви, но не се предадовме

Аријан Адеми одигра капитенски за Динамо Загреб во чудесниот реванш меч од соминафиналето во Европа Лигата, во кој Модрите приредија подвиг со елиминација на Тотенхем.

Победата од 3:0 по продолженија е огромна и оддекна како големо чудо во Европа, а англискиот гигант е нокаутиран, иако донесе капитална предност од 2:0 во Загреб.

„Добро одигравме и заслужено славиме голема победа. Гиневме како еден на терен, не фаќаа грчеви, но не се откажавме. Оршиќ беше маестрален, човекот кога ќе ја пукне топката завршува на вистинското место. Оваа екипа има квалиѕтет и е подготвена за големи дела. Кој е дострелот ќе видиме понатаму“, изјави Адеми.

И вториот наш репрезентативец во Динамо, Стефан Ристовски беспрекорно си ја заврши работата и со останатите играчи од одбраната на домаќините успеаја да ги сопрат Кејн, Али, Лукас Моура и останатите големи ѕвезди од Премиерлигата и заслужено да се пласираат во четвртфиналето во Европа Лигата.

Ристовски играше до 90. минута, кога беше заменет со Петар Стојановиќ.

Утре од 13 часот Динамо ќе ја чека ждрепката за четвртфиналето, а можни противници се Манчестер јунајтед, Арсенал, Рома, Ајакс, Вилјареал, Гранада и Славија Прага.

- Оглас -

Најнови вести