Адеми и Ристовски го чекаат противникот во четвртфиналето: Јунајтед, Арсенал, Рома, Ајакс…

Динамо Загреб сосема заслужено се најде меѓу најдобрите осум екипи во Лигата на Европа, откако хрватскиот првак вчера го елиминира фаворизираниот Тотенхем во сензационалната победа од 3-0 на „Максимир“.

Македонските репрезентативци, Аријан Адеми и Стефан Ристовски, ќе нè претставуваат во топ 8 фазата која што денеска во 13 часот ќе ги добие четвртфиналните парови. Ждрепката за ЛЕ ќе се одржи во Нион по завршувањето на извлекувањето на паровите во Лигата на шампионите.

Капитенот на Модрите и нашиот десен бек, може да наидат на нов великан бидејќи во конкуренција уште се Манчестер јунајтед, Арсенал, Рома и Ајакс, додека на хартија гледано полесни противници на Динамо може да бидат Славија Прага и Гранада, а Вилјареал е исто така меѓу незгодните екипи кои треба да се избегнат.

- Оглас -

Најнови вести