Клеј Томпсон вредно тренира во долгиот процес на рехабилитација по повредата и очекува кам-бек, а објави видео на социјалните мрежи што ги „запали“ фановите на Голден стејт вориорс.
Клеј нокаутира со долги серии тројки без промашување и кога е повреден, а овде погоди 12 по ред и тоа без да скока. Блескав шутер, еден од најдобрите во историјата на НБА лигата, со неколку шутерски рекорди што се негова сопственост.
https://twitter.com/BleacherReport/status/1373030330022600707?s=20
Коментарите се интересни по објавеното видео, а навивачите на Голден стејт велат, само нека се врати и нека стои и погодува тројки, доволно е за тимот да победува.
Воините имаа многу пехови во последните 2-3 сезони, а повредени беа и Кевин Дурант, додека беше член на Голден стејт и Стефон Кари и Клеј Томпсон, кој се уште не игра.