Присуството на Аријан Адеми на скопскиот аеродром пред патувањето за Романија, е главното изненадување. Адеми има повреда и најавите беа дека нема да може да игра утрвечер против Романците, но и тој замина со екипата, што отвора простор тој сепак да се најде на терен, иако шансите се мали.
Адеми ќе им дава поддршка на македонските репрезентативци, со надеж дека Црвено-жолтите ќе извлечат поволен резултат. На последните тестирања на Ковид-19 сите фудбалери беа негативни, што значи дека селекторот Игор Ангеловски нема да има проблеми при составување на тимот од таа гледна точка.