Иако сè уште нема официјална потврда, речиси сигурно на 10 јули Конор Мекрегор и Дастин Појре ќе се борат во Лас Вегас на УФЦ 264 настанот.
Некогашниот шампион во лесна категорија ќе има прилика да му се реваншира на Американецот, кој го нокаутира Мекрегор кон крајот на јануари во Абу Даби. Воедно им се дава шанса да се решат во вкупен биланс, ако се знае дека Ирецот беше доминантен во 2014 година.
Појре на социјалните мрежи делумно ја најави борбата објавувајќи го само датумот 10 јули, за кога е предвиден да се одржи спектаклот.
https://twitter.com/DustinPoirier/status/1376226005933817864
Нокаутот над Мекрегор му беше 13-ти во кариерата, а во вкупно 34 борби, Американецот славел 27 пати. Конор брои 22 победи во 27 борби, од кои 19 ги оствари со нокаут.