Сè се враќа, сè се плаќа: Вернер го промаши невозможното против Македонија, па дијамантот Елмас казни и за недосудениот пенал (видео)

Македонија испиша историја со победата над големата Германија од 2-1 среде Дуисбург, нанесувајќи им го само третиот пораз во нивните учества во мундијалските квалификации, а само прв откако Јоаким Лев е на клупата на Панцерите.

Четирикратниот светски првак падна на колена пред дијамантот Елмас, пред големиот Пандев, кои ги водеа Рисовите до историскиот подвиг  кој казнуваше за недосудениот пенал.

Токму младата ѕвезда на Наполи ги потопи Панцерите во завршните пет минути од регуларните 90 со мајсторска реализација, која следуваше како казна за недосудениот пенал десетина минути претходно. Нафрлувањето од корнер на Барди заврши во десната рака на Чан, меѓутоа рускиот арбитар Карасев беше сигурен во одлуката дека нема услови за најстрога казна.

Само четири минути подоцна, Вернер можеше да ѝ донесе незаслужена предност на Германија, скапиот офанзивец на Челзи се посрамоти пред голот на Димитриевски. Домаќините тргнаа во контранапад, Гундоган искусно го проигра Вернер, а овој се сплетка со топката наместо рутински да забие.

Останатото, историја… Како велат, сè се враќа, сè се плаќа.

 

- Оглас -

Најнови вести