Да имаше ВАР, Македонија можеби ќе водеше против Германија

Немањето на ВАР технологија вечерва е на штета на Македонија во дуелот со Германија. Германците 20 години немаат пораз на свој терен во квалификациски меч за СП, а изгледа и рускиот судија Карасев кој вечерва дели „правда“, сака серијата на Германија да продолжи, со две спорни одлуки.

Најпрвин досуди пенал кој многу судии не би го досудиле, а потоа не досуди чист пенал за Македонија по играњето со рака на Емре Џан, и тоа во момент кога топката оди кон голот.

- Оглас -

Најнови вести