На белградското дерби помеѓу Црвена ѕвезда и Партизан кое се играше завчера на стадионот „Рајко Митиќ“ и домашните победија со 1-0, во ложата имало над 600 луѓе (новинари, навивачи, пријатели на клубовите), па Ѕвезда како организатор на мечот, ќе биде казнет од Дисциплинската комисија на фудбалскиот сојуз на Србија.
Делегатот Часлав Лукиќ од Ваљево, во својот извештај ги навел сите пропусти во организацијата, а како најголеми гревови кои им се припишуваат на Црвено-белите, е што во ложата на западната трибина имало голем број навивачи (повеќето од нив не носеле маски) и со тоа е прекршен протоколот за организација на мечеви во време на пандемија, како и палењето пиротехника на северната трибина, иако таму немаше публика.