Интересна ситуација беше снимена на полувремето од натпреварот Јувентус – Џенова. Голманот Џанлуиџи Буфон од Јуве и македонскиот репрезентативен капитен Горан Пандев, имаа краток разговор, при што се смееја и се шегуваа. Многу фанови по социјалните мрежи искажуваат пофални зборови за двете легенди, а најинтересно е нагаѓањето за што ли разговараа?
Буфон има 43, Пандев 37 години, двајцата се при крај со кариерите, и можеби се обложуваа кој прв од нив ќе се повлече. Буфон дочека да игра и со синови на фудбалери со кои настапуваше во минатото. Како и да е, симпатично беше да се види ова забавно видео:
Buffon and Pandev, combined age of 80.
Still loving life at the top 😆 pic.twitter.com/rXlB1RujJe
— ESPN FC (@ESPNFC) April 11, 2021