Златан Ибрахимовиќ и Горан Пандев ќе немаат можност за уште една средба и меѓусебен дуел сезонава откако асот на Милан доби казна од еден меч и ќе траба да плати 5.000 евра за исклучувањето против Парма.
Милан се обиде со реакција да го оправда потегот на популарниот Ибракадабра и објаснија дека судијата Мареска не го разбрал добро напаѓачот, но, сепак, казна има и таа е еден меч неиграње, во недела против Џенова, и плус и парична глоба.
Златан доби директен црвен картон во 60. минута на мечот со Парма, поради конверзација со главниот судија Мареска, а Милан и со играч помалку успеа да победи со 3:1 и да ја задржи втората позиција на табелата во Серија А.