Волшебниците од Вашингтон и Пеликаните на Њу Орлеанс се гаранција за НБА спектакл со многу поени

8201 Монтреал канадиенс – Калгари флејмс (НХЛ, 00 часот)

Многу интересен меч ќе се игра во Северната дивизија, а може да биде и решавачки, особено за Флејмс, кои не смеат да загубат, ако сакаат да играат во плејофот.

Чудно, но вистинито за нив во последно време најтрофејниот клуб во НХЛ лигата, Монтреал е противник за мерак. Калгари ги доби последните четири меѓусебни дуели со 24-кратниот шампион и по стартната негатива од 0:2 во серијата, сега води со 4:2.

Меѓусебниот биланс би можел да биде и фактор што ќе одлучува за место во плејофот. Четири екипи од сите Дивизии ќе доигруваатз а титулата, а моментно Монтреал е токму на четвртата позиција со 45 бода од 40 натпревари, а зад него е Калгари со 41 бод од 43 меча.

Флејмс пред две ноќи како гости го декласираа Монтреал со 4:1, имаат четири успеси по ред против нив, а интересно е што на пет од шестте натпревари меѓу двете екипи сезонава имаше помалку од шест гола. И ноќеска ќе мора да се внимава на дефанзивата, бидејќи мечот е исклучително значаен, па ќе типуваме под 5.5 гола.

Предлог тип: <5.5 гола (2.00)

 

8334 Колорадо авеланш – Лос Анџелес кингс (НХЛ, 03 часот)

Колорадо на 13 меча до крајот на регуларниот дел на сезоната ја има пол-позицијата во Западната дивизија и речиси обезбеден плејоф. Авеланш се во топ-форма со четири победи по ред и ако продолжат во ист стил не им бега првата позиција.

Кингс се уште имаат шанси за да го фатат возот за доигрувањето за титулата, но не се во позиција сами да одлучуваат. Претпоследни се во групата од 8 екипи и се во минус од шест бода во однос на Сент Луис во битката за четвртото место.

Проблем за тимот од Лос Анџелес е што има само две победи на последните 8 натпревари и два порази по ред на гостувањата кај Колорадо.

Домаќините го имаат убедливо најефикасниот напад во Лигата, заедно со Вашингтон, а и двете екипи постигнаа по 154 гола. Мекинон и Рантанен се опасен напаѓачки тандем кај Авеланш, двајцата во Топ-10 со 53, односно 52 поеним тука е и Ландеског со 41 поен, што е премногу за одбраната на Кингс, кои примаат премногу голови во овој дел од сезоната.

Предлог тип: 1 (1.60)

 

8316 Детроит пистонс – Оклахома сити тандер (НБА, 01 часот)

Оклахома направи чуден потег сред сезона и одлучи да го подмладува тимот, па ветеранот Ал Хорфорд беше означен како вишок и не игра.

Шансите за плејоф се уште постојат за Тандерс, но како играат младите момци од Оклахома тоа ќе биде невозможна мисија. Претрпеа неколку катастрофални порази од 30 и повеќе разлика, а се во лоша серија од 8 неуспеси по ред.

И Детроит, иако е последен во Источната конференција не ги загуби шансите за настап во доигрувањето, но јазот од шест победи во однос на Чикаго е се чини преголем залак за квалитетот на Пистонс.

Детроит ја декласира Оклахома со 132:108 на последниот меч и повторно се фаворити, а очекуваме пак да има многу поени.

Предлог тип: 1&>215.5 поени (3.30)

 

8340 Вашингтон визардс – Њу Орлеанс пеликанс (НБА, 01 часот)

Вашингтон конечно се екипира, недостасува само центарот Том Брајан, но се разиграа Бил и Вестбрук и Визард имаат победничка магија со четири триумфи и еден пораз во последните 7 дена.

На дофат им е и плејофот и како играат и ако двете Ол-стар ѕвезди останат фит сосема е реално сценариото да бидат во десетката екипи на Истокот што ќе игра во разигрувањето за пехарот.

Њу Орлеанс е во сосема слична ситуација во Западната конференција, каде се 11-ти, за една позиција надвор од плејоф зоната. И тие имаат солиден тим со две ѕвзеди, Зајон Вилјамсон и Брендон Инграм кои се лидери на тимот.

Пеликанс го победија Вашингтон со 124:106, но тогаш за тимот од главниот град на САД не играше Вестбрук и уште 5-6 значајни кошаркари.

Предлог тип: >242.5 поени (1.95) 

 

8398 Далас маверикс – Њујорк никс (НБА, 03.30 часот)

Далас е фаворит против Њујорк никс, но ќе има незгоден ривал, кој конечно игра добра кошарка и е кандидат за настап во плејофот по долг период.

Маверис го добија единствениот меѓусебен дуел сезонава и тоа како гостин со 99:86. И сега некако личи дека ќе се игра поцрвсто од трендот во НБА со многу поени, а во таков меч растат шансите на Никс за подвиг.

Тимот од Големото Јаболко игра многу дисциплинирано, успеаја по долг период да создадат конкурентен тим со потенцијал што е одличен. Рендл, Берет, Пејтон и останатите кошаркари на Њујорк се компактна целина и се незгоден ривал.

Секако дека Далас со ѕвездите Дончиќ и Порѕингис се фаворити, но ќе типуваме дека Никс нема да загубат со поголема разлика од 8 поени.

Предлог тип: 2 со хендикеп 8,5 поени (1.59)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести