Милан не го дава второто место, среќата му помогна да ја совлада Џенова (Видео)

Милан ја победи Џенова со 2-1 во меч од Серија А, со што Росонерите се задржаа на второто место на табелата. Милан до победата дојде благодарение на среќен гол во 68-ма минута. Скамака кој е фан на Милан, а сега игра за Џенова, си даде многу автогол и тоа на чуден начин, откако топката го удри во грбот и заврши во мрежата на голот на неговиот тим.

Горан Пандев влезе во игра во 74-та минута при 2-1 за Милан. Џенова нема обезбедено опстанок, но во поволна позиција е на седум кола до крај. Милан има 66 бодови, скор кој го имаше во целата претходна сезона. Сега имаат уште седум кола до крај, и напредокот им е евидентен, но најверојатно повторно нема да освојат титула.

Ова е автоголот на Скамака:

https://streamable.com/wgau53

- Оглас -

Најнови вести