Тотенхем ќе има тешка задача против Интер да тргне со победа на отворањето на новата сезона во Лигата на шампионите, а уште потешко ќе им биде без четворица првотимци во составот. Откако Деле Али и Уго Љорис го пропуштија дербито со Ливерпул, тие двајца нема да играат ниту против „нераѕурите“, а дополнителни проблеми создадоа отсуствата на Киран Трипиер и Тоби Алдервејрелд, кои не допатуваа за Милано со остатокот од тимот.
„Али и Љорис се повредени, Сисоко, исто така, од неодамна закрепнува од повреда. Што се однесува за Трипиер и Алдервејрелд, тие не се повредни, станува збор за техничка одлука“, истакна Покетино на вчерашната прес-конференција.
На местото на Трипиер највернојатно ќе настапи Орие, додека на централната дефанзивна позиција ќе застане младиот Санчес, како алтернатива за белгискиот дефанзивец.
Натпреварот Интер – Тотенхем е закажан за денес, со почеток од 18.55 часот, според нашата понуда, шансите за победа се еднакви на двете страни, и Интер и Тотенхем имаат квота од 2.70 за „кец“, односно „двојка“, додека за евентуално реми 3.35.