Веќе нема дилеми каде ќе игра во иднина: Мбапе купува куќа во Мадрид

Иднината на Килијан Мбапе станува сè појасна, а ако се верува на реномираниот медиум goal.com, ѕвездата на ПСЖ наскоро ќе се пресели во шпанската престолнина.

Мбапе наводно е во потрага по нов дом токму во Мадрид, а тоа навестува дека наскоро ќе го реализира трансферот во Кралскиот клуб. Реал уште од самиот старт беше фаворит за неговиот потпис, а секако негова желба е да го облече белиот дрес.

Управата на ПСЖ веќе нема трпение со Мбапе, кој со месеци одбива да го продолжи договорот, а сегашниот му истекува во јуни 2022 година. Бидејќи Светците не сакаат да го пуштат без отштета, речиси сигурно Мбапе ќе биде продаден во претстојното лето за сума од 130 до 150 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести