Најдобриот се враќа точно навреме за да се израдува на титулата

Најдобриот играч во светот за минатата година, Роберт Левандовски, наскоро повторно се враќа на теренот. Полјакот пропушти неколку меча поради повредата заработена на репрезентативните обврски, но сега повторно ќе биде на располагање во тимот на Баерн Минхен.

Левандовски се врати на тренинг и се очекува да биде во составот на баварскиот гигант на следниот меч против Мајнц. Баерн и без Левандовски успеа одлично да ги одигра дуелите од Бундеслигата и со освоените бодови, сега е само на еден чекор од одбрана на тронот.

На четири кола до крајот, Баерн има 10 бода пред вториот Лајпциг, што значи дека со победа на следниот меч кај Мајнц, Баерн Минхен и официјално ќе биде староновиот првак. Тоа би било деветта титула по ред за нив во Бундеслигата.

 

- Оглас -

Најнови вести