Џенова му се поклони на Гранде Пандев, 150-ти меч за клубот и 100 гола во Серија А (Видео)

Горан Пандев успеа да приреди подвиг и со два гола против Беневенто во првото полувреме вечерва да стигне до 100 погодоци во Серија А, а првата честитка стигна очекувано од неговиот сегашен клуб Џенова.

Популарните Грифони потсетија дека Пандев го игра 150-тиот меч за нив, а со прецизни удари во 11-тата и во 21-вата минута стигна до магичната граница од 100 погодоци во Калчото.

Пандев е единствениот македонски фудбалер што успеал да постигне 100 гола во една од Топ-5 лигите во Европа.

Пандев спои два убави јубилеи со два погодоци вечерва, а има можност во второто полувреме со евентуален хет-трик и да ја мине границата од сто погодоци во италијанското првенство.

За Џенова постигна вкупно 27 погодоци, а најмногу има дадено за Лацио, 48. Потоа настапуваше за Интер и во дресот на Нераѕурите беше стрелец на пет гола во Серија А, додека за Наполи има постигнато точно 20 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести