Барса го брани Реал од заканите на УЕФА: Суперлигата е неопходна, нема место за заплашување!

Фудбалскиот клуб Барселона објави соопштение во врска со позицијата на клубот и Супер Лигата. Барса беше еден од 12-те клуба кои го објавија формирањето на новото натпреварување, но после силните критики од сите страни, повеќето клубови се повлекоа од проектот.

„Барселона ги дели гледањето на најголемиот дел од големите европски фудбалски клубови дека моментната социоекономска клима е таква што има потреба од структурни реформи за гарантирање на финансиското преживување и постоење на светскиот фудбал како производ кој им се нуди на фановите низ светот. Во тој контекст, Бордот на директори на Барселона ја прифати поканата да биде меѓу основачите на Суперлигата“, објавија Каталонците во дел од соопштението.

„Одлуката беше донесена со убедување дека ако не бидеме дел од оваа иницијатива како основачки клуб, ќе беше историска грешка. Сметаме дека е подеднакво важно да се потенцира и објективниот факт дека Судот ја одобри итната правна заштита, со што се потврди законитоста на иницијативата на основачите на проектот Суперлига. Во оваа смисла, клубот смета дека не би било на место за неоправдан притисок и заплашување“, додаваат од Барса.

Претседателот на УЕФА, Чеферин, рече дека е разочаран и од Барса, но не толку како од Реал Мадрид и Јувентус како главни организатори.

- Оглас -

Најнови вести