Дончиќ го сруши шампионот и му приреди „горко“ враќање на една од најголемите ѕвезди на НБА

Лука Дончиќ одигра уште еден одличен меч и беше предводник на Далас маверикс во победата над шампионот Лос Анџелес лејкерс. На свој терен, Далас се радуваше со 115:110 во дуел на кој по 30 средби пауза, во дресот на Лејкерс се врати големата ѕвезда Ентони Дејвис.

Малку фалеше Дончиќ на крајот да заврши со трипл-дабл, па зад неговото име останаа запишани 30 поени, девет скока и осум асистенции, како и три украдени топки. Сезонава Лука има одиграно вкупно 18 натпревари на кои постигнал 30 или повеќе поени и плус да има барем по пет скока и асистенции.

Во останатите мечеви кои се играа ноќеска во НБА-лигата: Бостон – Феникс 99:86, Милвоки – Филаделфија 124:117, Орландо – Њу Орлеанс 100:135, Сан Антонио – Детроит 106:91, Чикаго – Шарлот 108:91

- Оглас -

Најнови вести