Дончиќ и Далас втор пат за три дена го преслушаа шампионот Лејкерс

Лука Дончиќ повторно беше одлично расположен за игра и заврши со 18 поени, 13 асистенции и осум скока во  победата на Далас маверикс против Лос Анџелес лејкерс од 108:93. Овие екипи се среќаваат втор пат во последните три дена, а Далас два пати излегува како победник и сега се доближи само на две победи до шампионот, на табелата во Западната конференција.

Лејкерс имаше предност до три поени по првата четвртина, а потоа стигна и до одлични плус 17 (54:37) пред крајот на полувремето, кое заврши со 58:46 во корист на гостите. И во текот на целата трета четвртина гостите имаа предност, која се намалуваше, па со тројка во последниот напад, Далас стигна до 79:79 во пресрет на последнта четвртина. Неизвесно беше до 89:89, а потоа домаќините заиграа блескаво во последните минути и со серија од 16:2 стигнаа до недостижни 105:91, а на крајот стигнаа и до убедливи 15 поени разлика.

Денвер немаше никакви проблеми да победи против Хјустон и на крајот домаќините се радуваа на триумф од 129:116. Уште во првата четвртина фаворитот стигна до двоцифрена предност 21:11 и потоа во ниту еден момент не го испушти водството, а на полувреме замина со предност од 22 разлика (72:50), па уште тогаш беше јасно кој ќе победи. Највисоката предност на Денвер беше 26 разлика (85:59), а до крајот на дуелот Хјустон успеа да намали на пристојни 13 негатива.

Првата ѕвезда на Денвер, Никола Јокиќ одигра солиден меч со 24 поени, 12 асистенции, а му недостасуваа два скока за да има трипл-дабл.

Во останатите мечеви:  Индијана – Деторит 115:109, Мајами – Чикаго 106:101, Њу Орлеанс – Сан Антонио 108:110, Јута – Минесота 96:101, Милвоки – Филаделфија 132:94, Њујорк – Торонто 120:103.

- Оглас -

Најнови вести