Премиер лигата ги доби првите двајца членови на Куќата на славните

Алан Ширер и Тјери Анри добија огромна чест и станаа првите двајца фудбалери кои влегуваат во новоформираната Куќа на славните на англиската Премиер лига.

Ширер е прв стрелец во историјата на Премиер лигата со 260 гола за Блекбурн и Њукасл. Во 1995 година со Блекбурн освои титула. Французинот Анри даде 175 голови, сите за Арсенал, а освои две титули.

Анри четири пати беше прв стрелец во лигата, што е рекорд, а беше член на составот на Арсенал кој е единствен во историјата што цела сезона (2003/2004) одигра без ниту еден пораз.

„Сакав само да бидам професионален фудбалер, тоа ми беше сонот. Сакав да ја облечам деветката на Њукасл. Уживав во секој момент и во секој гол“, рече 50-годишниот Ширер.

- Оглас -

Најнови вести