Драма во Турција: Бешикташ, Фенер или Галата, кој ќе биде шампион?

Галатасарај го победи Бешикташ во дербито од минатото коло, па сега драмата во турското првенство достигнува кулминација. Уште две кола има до крајот, а Бешикташ е лидер со 81 бод, пред Фенербахче со 79 и Галатасарај со 78 бодови. Сите три најтрофејни клуба се со свои калкулации за шампионската титула.

Лидерот Бешикташ денеска игра дома против Карагумрук, тим кој во есенскиот дел лесно го победи со 4:1. Фенербахче ќе се надева на кикс на Бешикташ и со евентуална победа на свој терен против Сиваспор, да дојде во пол-позиција за титулата затоа што сега разликата е само два бода.

Со свои шанси и калкулации е и Галатасарај, кој гостува кај испаднатиот Денизлиспор и едноставно не треба да има дилеми за тоа дека трите бода ќе заминат на контото на гостите. Во првиот дел од сезоната, Галатасарај победи убедливо со 6:1, што е само доказ за разликата во класи.

Според распоредот, трите водечки екипи во Турција денеска треба да забележат сигурни победи, што доколку се случи, трката за титулата ќе мора да се решава буквално во последното коло.

- Оглас -

Најнови вести