Дефанзивецот на Милан Фикајо Томори е нов рекордер во Серија А, откако на дербито против Јувентус даде гол со глава. Играчот кој го носи дресот на Росонерите како позајмен играч од Челзи, при постигнувањето на погодокот, со главата успеа да достигне висина од 263 сантиметри.
Висината која ја постигна Томори е за дури седум сантиметри повеќе од досегашниот рекорд кој беше во сопственост на Кристијано Роналдо. Најголемата ѕвезда во Серија А, минатата сезона даде гол против Сампдорија во Џенова, откако достигна висина од 257 сантиметри со главата. Сега рекордот на Роналдо е срушен, а Томори е „летечкиот“ фудбалер во Италија.
Tomori’s goal for AC Milan vs Juventus. What a header. pic.twitter.com/P2ZwiI5Zip
— Felix ⭐️⭐️ (@CFC_Felix_) May 9, 2021