Самопрогласениот принц на фудбалот влезе во Куќата на славите во ПЛ

Ерик Кантона, легендата на Манчестер јунајтед и Лидс е третиот член во Куќата на славните на Премиер лигата по Тиери Анри и Алан Ширер.

Самопрогласениот принц на фудбалот остави голем белег во англискиот фудбал, пред сè носејќи го дресот на Црвените ѓаволи со кои освои четири премиерлигашки титули.

„Среќен сум и горд за влезот во Куќата на славните, но воедно не сум изненаден што се најдов во ова одбрано друштво“, посочи Кантона.

Запиша вкупно 156 настапи во Премиер лигата за Јунајтед и Лидс, во кои забележа 70 погодоци и 56 асистенции и беше еден од најдобрите играчи во ерата на Сер Алекс Фергусон.

https://twitter.com/premierleague/status/1394563460046938112

- Оглас -

Најнови вести