Кинескиот второлигаш Цибо Куџу стана познат во светот по веста дека сопственикот на клубот наредил неговиот син да игра и да ги изведува сите прекини, а на еден меч заигра и самиот газда, кој има 35 години.
Синот на бизнисменот има прекумерна тежина и тешко му оди трчањето, а според снимките од Кина, тој има проблем и со техниката. Но, и покрај тоа, ги изведува корнерите и слободните удари. Тимот не дошол во ситуација да шутне пенал, инаку ќе треба 126 килограми тешкиот син на газдата да шутира и од 11 метри.
Погледнете како игра фудбалерот со бројот 7 на тимот Цибо Куџу: