Кристијано Роналдо: Горд сум на тоа што го постигнав во Јувентус, им благодарам на сите

Кристијано Роналдо имаше своја анализа на направеното сезонава со Јувентус, не пропушти да се пофали дека секаде каде што играл бил успешен, задоволен е од постигнатото во Италија, но на крајот им се заблагодари на сите, што за некои значи дека можеби најавува заминување.

Со пласманот на Јуве во ЛШ, шансите да остане му се поголеми, но има и такви кои сметаат дека на клубот му треба подмладување, а тоа би значело разделба со скапиот Роналдо кој не играше синоќа на клучниот меч против Болоња поради „замор“. Манчестер јунајтед и ПСЖ чекаат само Португалецот да каже дека си оди, и да тргнат во напад по неговиот потпис.

Роналдо во Јуве дојде за да им ја донесе титулата во ЛШ, но тоа не се случи. Сезонава не успеаја ниту во Серија А да освојат титула, и тоа за Старата дама се неуспеси.

„Кариерата на секој елитен играч е полн со падови и подеми. Честитки до Интер за заслужената титула. За мене, титулите во Суперкупот, Купот и прв стрелец во лигата ме направија среќен. Не бркам рекорди, рекордите ме бркаат мене. Горд сум на сите титули во кариерата и што во три силни лиги сум бил прв стрелец и секаде сум дал над 100 гола. Им благодарам на сите кои учествуваа во ова патување. Уште сме заедно“ – порача Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести