На Балканот секакви работи се случувале и тешко дека може нешто да биде големо изненадување кое не е видено на фудбалските терени, но една госпоѓа во Белград направи потег кој шокираше многумина и беше снимен.
На мечот помеѓу младите кадети (фудбалери до 15 години) на Партизан и Чукарички, на Црно-белите им требаше победа за да се вклучат во борба за титулата, но средбата заврши 0-0. Жената, за која се претпоставува дека е мајка на некој од играчите на Партизан, во еден момент пријде зад голот на Чукарички и на голманот му фрлаше песок во лице.