Швеѓаните нѝ покажаа како треба против лидерот во нашата група (Видео)

Шведска лесно ја победи Ерменија со 3:1 и ѝ го покажа патот на Македонија, како треба да одигра во септември против лидерот во нашата група во квалификациите за Мундијалот во Катар.

Швеѓаните апсолутно доминираа и веќе во првото полувреме можеа до врв да ја наполнат мрежата на Ерменците.

Напаѓачот на Лајпциг, Емил Форсберг со убав погодок од слободен удар во 16. минута и донесе предност на Шведска во последниот тест меч пред настапот на Европското првенство.

Голот на Форсберг од слободен удар можете да го погледнете ОВДЕ. Потоа прецизен беше и Маркус Даниелсон и погоди со удар со глава во 34. минута за 2:0.

Sweden 2-0 Armenia – Marcus Danielson 34′ from soccer

Веднаш потоа во 39. минута Себастијан Ларсон промаши пенал, па Ерменците добро минаа во првото полувреме со само два гола негатива.

Гостите одиграа нешто подобро во второто полувреме и постигнаа и почесен гол во 64. минута. Стрелец беше Вахан Бичакчјан за надеж на Ерменците дека можат да избегнат пораз.

Sweden 2-[1] Armenia – Vahan Bichakhchyan 63′ from soccer

Но, Швеѓаните повторно нападнаа и во финишот на пријателскиот меч во Солна постигнаа и трет гол за конечен резултат од 3:1.

Sweden [3]-1 Armenia – Marcus Berg 85′ from soccer

Ова беше само вториот пораз за селекторот Хоакин Капарош на вкупно 10 меча како кормилар на Ерменија, а единствениот претходно  му е од Македонија со 2:1.

Ерменците се со Македонија во Ј групата во квалификациите за Мундијалот во Катар во 2022 година и по три кола се лидери со три победи. Македонија е втора со шест бода, колку што имаат и Германците, а токму Ерменија ни е следен противник, во Скопје на 2. септември.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести