Селекторот на англиската фудбалска репрезентација, Герет Саутгејт, официјално потврди дека неговите играчи пред секој меч на претстојното Европско првенство, ќе клекнуваат на колена како знак на поддршка во борбата против расизмот и дискриминацијата. Овој ритуал се применува пред секој меч во англиската Премиерлига.
Но, пред пријателскиот меч на Англија со Австрија во Мидлсброу, публиката ги исвирка своите репрезентативци кога клекнаа, па се појавија дилеми дали треба Гордиот Албион да го прави тоа и на големата европска сцена. Фудбалерите и Саутгејт, едногласно одлучиле треба да клекнат, без разлика на реакциите од трибините.