Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро се закани дека ќе нареди да се направи комплетно нов тим што ќе игра на Копа Америка, ако главните ѕвезди на Кариоките одбијат да играат на првенството.
Стандардните репрезентативци најавија бојкот и имаат и поддршка од селекторот Тите, кој е на страната на играчите. Во официјално соопштение бразилските репрезентативци објавија дека конечната одлука ќе ја донесат за два дена по мечот во Асунсион против Парагвај, кој е квалификациски за настап на Мундијалот во Катар.
Болсонаро даде гаранции дека Бразил ќе биде домаќин на Копа Америка, по откажувањето на Аргентина и на Колумбија, па сега ситуацијата е незгодна за Кариоките и може да се случи да го организираат шампионатот на Јужна Америка, а да не учествуваат на турнирот.
Копа Америка треба да се игра од 13. јуни до 10. јули.