Вардар 1961 немаше проблем со Металопластика и со победа од 39-31 дојде на чекор од пласман во четвртфиналето на регионалната СЕХА-лига. Вардарци утре на реваншот треба само рутински да ја одработат задачата. Во четвртфиналето, кое е извесно, македонскиот првак, кој е петкратен првак на СЕХА, ќе игра со ППД Загреб.
Јотиќ со 10 гола беше најефикасен, а Дибиров даде 7 гола.