Вардар убедливо ја реши Металопластика и веќе се гледа во топ 8 фазата од СЕХА-лигата, каде што Црвено-црните ги очекува двомеч против ППД Загреб. Во пресрет на утрешниот реванш, тренерот Алушовски посочи дека ова беше очекувана партија од неговите ракометари која се надева дека утре ќе ја повторат.
„Како што очекувавме, ова беше еден лесен меч за нас, или еден полесен тренинг. Игравме со најдобрите наши играчи со цел утре да добијат шанса и останатите ракометри со помала минутажа. Уште еднаш им честитам на оние кои го носеа товарот во текот на целата сезона. Може да се каже дека победата беше убедлива без многу напор и тензија. Очекувам утре во слично издание да одиграме“, посочи тренерот Алушовски.
Возвратниот дуел исто така се игра во Скопје со почеток од 16 часот.