Време е за големи дела на ЕП – Македонските фудбалски јунаци тргнаа за Букурешт (Фото+Видео)

Македонската фудбалска експедиција тргна кон скопскиот аеродром, од каде што во 10 часот ќе полета за Букурешт, нашата база за стартните два меча на Европското првенство против Австрија и Украина.

Во добро расположение капитенот Горан Пандев и соиграчите одат на првото големо натпреварување на А селекцијата. Капитенот како вистински лидер беше прв кој излезе од хотелот и влезе во автобусот.

Вкупно 26 репрезентативци ќе бидат во конкуренција за настап на Европското првенство. Македонија е во Ц групата со Холандија, Австрија и Украина во првата фаза од шампионатот.

Премиерата ќе ја имаме на 13 јуни против Австрија во Букурешт, а потоа на истото место ќе играме со Украина на 17 јуни.

Следниот ден се патува за Амстердам, каде што нè чека Холандија, на „Јохан Кројф“ арената за последниот меч во Ц групата за дебитантот Македонија.

Видеото можете да го погледнете ОВДЕ.

 

- Оглас -

Најнови вести