Фудбалерот кој игра во средниот ред на Манчестер јунајтед и холандската репрезентација, Дони дан де Бек, поради повредата која ја има, ќе го пропушти Европското првенство. Селекторот Франк де Бур одлучил да не повикува дополнително друг играч, па Лалињата на ЕВРО 2020 во составот ќе имаат 25-мина наместо максимално дозволените 26-мина фудбалери.
Холандија во првата фаза сите три меча ќе ги игра дома, во Амстердам, а на 21 јуни во третото коло ќе ја пречека Македонија.