Ѕвездата на Манчестер сити, Фил Фоден, реши да го смени имиџот и да ја обои косата пред стартот на ЕВРО 2020 со надеж дека тоа ќе му донесе среќа и добри игри. Но, Фоден со тоа што стана русокос, не ја воодушеви јавноста, туку напротив, има многу шеги на негова сметка.
Фризурата на 21-годишниот Фоден е инспирирана од бојата на косата на Пол Гаскоњ, кој ја предводеше Англија на ЕП во 1996 година, кога исто така завршницата се играше во Лондон. Пред 25 години, кога Фоден не беше ни роден, Гаскоњ го даде првиот гол за Англија за тој шампионат, и тоа против Шкотска, која е втор ривал на Гордиот Албион на годинешното ЕП, откако претходно ќе си ги одмерат силите и со Хрватска.