Македонската фудбалска репрезентација попладнево го одработи првиот тренинг по доаѓањето во Букурешт, на теренот каде што на 13 и 17 јуни нашите Рисови ќе ги одмерат силите против Австрија и Украина во првите две кола од групите на за нас историското Европско првенство.
Букурешт им посака добредојде на нашите херои, кои пак делуваат подготвено и се прават последни подготовки за големите предизвици.
фото: ФФМ