Бразилците ги разрешија сите дилеми и ќе играат на Копа Америка со моќен состав од 24-ца играчи. Селекторот Тите ги израдува сите симпатизери на Бразил со објавата дека 9-кратните прваци на Јужна Америка ќе настапат со ѕвездите Нејмар, Каземиро, Маркињос, Фирмино, голманите Алисон и Едерсон и уште дузина познати играчи.
Репрезентативците на Бразил се заканија дека нема да играат на Копа Америка иако се домаќини, но по соопштението, сепак ја повлекоа одлуката и ќе настапат на првенството на Јужна Америка од 13 јуни до 10 јули.
Интересно е што Бразил ќе го организира шампионатот откако се откажаа и Колумбија и Аргентина.