Бројна армија навивачи на македонската фудбалска репрезентација направија вистинска фешта денеска на улиците на Букурешт и со песна најавија спектакл и на трибините на националната арена, каде за половина час ќе почне мечот против Австрија, прв и историски за нас на големите натпреварувања.
🇲🇰 North Macedonia’s first final tournament 🔜#EURO2020 pic.twitter.com/OrjaA5krwP
— UEFA EURO 2020 (@EURO2020) June 13, 2021
За Горан Пандев и соиграчите за половина час почнува најголемиот фудбалски меч во историјата на нашата земја, а за навивачите спектаклот е од раните иутрински часови.
Веќе почнаа да ја полнат Арената во Букурешт, а таа е комплетно обоена во препознатливите, наши, македонски црвено-жолти бои.
Од трибините грмна „сакаме победа“, јасно е дека ние ќе имаме комплетна доминација на трибините што посакуваме да се преточи во победа на терен во дебитантскиот настап на ЕП.