И фудбалерите се воодушевени од навивачите: Секоја чест, ќе се обидеме да одиграме до последен здив

Кире Ристевски вели дека засекогаш ќе го памети моментот на интонирањето на македонската химна вчера во Букурешт на Националната арена, за првпат на големо натпреварување на меч на македонската репрезентација.

„Можеби требаше малку похрабро да ги одиграме последните 20-тина минути. Убеден сум дека ќе биде подобро против Украина. Овие навивачи што ги нема ниту една репрезентација заслужуваат да се израдуваат на победа на првенството. Секоја чест за нив, за амбиентот што го направија. Ме преплавија емоции и кога се интонираше химната, сè беше извонредно, добро игравме против Австрија и штета што не се израдувавме на добар резултат.

Украина е физички силна селекција, имаат квалитетни фудбалери и мечот ќе биде многу значаен и за нас и за нив, но сите сме оптимисти и секако очекуваме успех“, вели Ристевски.

Тој не настапи на првиот меч против Австрија, но е подготвен да одговори на предизвикот ако добие шанса да игра со Украинците на 17 јуни од 15 часот.

- Оглас -

Најнови вести