Потегот на Роналдо донесе загуба од четири милијарди долари на главниот спонзор на ЕП

Акциите на компанијата „Кока-Кола“ доживеаа неочекуван пад и тоа поради Кристијано Роналдо. На прес-конференцијата пред мечот на Португалија против Унгарија, првата ѕвезда на Европското првенство реши да ги тргне двете шишиња поставени со газираниот пијалок.

Наместо реклама за „Кока-Кола“, Роналдо зеде шишенце со вода и извика „Пијте вода!“. По овој потег на Роналдо, акциите на американската компанија претрпеа значителен пад на берзата. Нивната вредност падна од 56,10 на 55,22 долари, што е пад за 1,6 отсто, по службените податоци на берзата.

Вкупно, вредноста на компанијата падна од 242 милијарди на 23 милијарди долари, што значи дека има загуба од четири милијарди долари. Роналдо со години води здрав живот, а сака такви да бидат и неговите деца. За најстариот, Кристијано Јуниор вели дека многу ретко јаде нездрава храна.

„Понекогаш знае да касне чипс и да се напие „Кока-Кола“, а кога ќе го видам како го прави тоа, знае дека многу се нервирам. Ќе видиме дали ќе стане фудбалер“, вели Роналдо.

 

- Оглас -

Најнови вести