Се остваруваат шокантните предвидувања за тоа кој може да биде европски првак

Само еден ден пред стартот на Европското првенство, водечкиот глобален провајдер за спортска интелигенција и спортски решенија „Спорт радар“ донесе шокантни пресметки околу тоа која репрезентација ќе триумфира на Европското првенство. Преку симулација на мечевите и милиони процесирани податоци и направени алгоритми, се дојде до изненадувачко решение дека Чешка ќе биде новиот европски првак.

Овие пресметки беа неверодостојни и чудни, но наполни 20 дена по тие предвидувања, ситуацијата на континенталниот собир е поинаква. Чешка игра одлично и веќе е дел од четвртфиналето на турнирот, и тоа откако го направи најголемото изненадување досега на ЕП.

Чесите во групната фаза започнаа добро и победија со 2:0 против Шкотска, а потоа ремизираа 1:1 со Хрватска и веќе беа сигурни во нокаут-фазата. Во последното коло минимално со 1:0 загубија од Англија, па завршија на третото место во групата и тоа ги прати на мегдан против Холандија. Лалињата имаа три победи во три меча во групната фаза и важеа за големи фаворити, но Чесите на теренот покажаа дека имаат квалитет, па откако де Лихт доби црвен картон, постигнаа два гола за шокантна елиминација на фаворизираната Холандија.

Пресметките на „Спорт радар“ беа дека Чешка во финалето ќе игра против Данска, но тука е малку погрешно вкалкулирано. Овие две селекции ќе се сретнат во четвртфиналето, што сепак дава потврда дека една од селекциите кои речиси никој не ги впишуваше меѓу фаворитите сигурно ќе биде дел од полуфиналето.

Коефициентот дека Чешка ќе биде европски првак пред да започне континенталниот собир беше дури 150, а сега селекцијата е во најдобрите осум во Европа, со добри шанси да биде дел и од полуфиналето.

 

- Оглас -

Најнови вести