Ако се верува на овие пресметки, шампион ќе биде селекција на која коефициентот за злато изнесува 150!

Водечкиот глобален провајдер за спортска интелигенција и спортски решенија Спорт радар донесе шокантни пресметки околу тоа која репрезентација ќе триумфира на Европското првенство кое започнува утре. Преку симулација на мечевите и милиони процесирани податоци и направени алгоритми, се дојде до изненадувачко решение дека Чешка ќе биде новиот европски првак.

Според направените пресметки, Чешка во финалето ќе игра против Данска и ќе победи со 3:2. Во полуфиналето, Чешка ќе ја елиминира Португалија, додека Данска со 3:2 ќе ја победи Англија. Гордиот Албион во првите рунди од нокаут-фазата ќе ги елиминира Франција со 3:1, а потоа и ќе биде подобар и од Полска со 2:1 за да биде шокиран во полуфиналето од Данска.

Чешка во рамките на Чехословачка беше европски првак на турнирот во 1976 година, а Данците се шампиони од 1992 година, кога принудно беа повикани на турнирот, откако СФР Југославија не доби дозвла за настап поради политички причини.

Доколку се случи вакво сценарио, да има финале меѓу Чешка и Данска, тоа ќе биде најшокантното финале во историјата на ЕП, а сигурно и првакот би бил еден од најневеројатните по тоа што го направи Грција во 2004 година.

 

- Оглас -

Најнови вести