Оваа дама од трибините на Вимблдон стана хит (Видео)

Ешли Барти и Каролина Плишкова попладнево го играат финалето во женска конкуренција на тенискиот грен-слем турнир Вимблдон, но една друга дама стана ѕвезда на социјалните мрежи, благодарение на пиењето пиво.

Оваа жена вчера додека го гледаше полуфиналето помеѓу Новак Ѓоковиќ и Денис Шаповалов, го најави возбудливиот викенд со тоа што држеше две пива истовремено. Првото речиси го испи цело со две голтки, а второто си го зачува за малку подоцна.

Вимблдонска традиција е да се јаде шлаг со јагоди, но оваа жена „малку“ ја заобиколи традицијата на која Британците се многу горди, и реши да се разлади со пиво. На здравје!

- Оглас -

Најнови вести